Трошоците на животот во октомври 2020 година, во однос на претходниот месец, имаат раст од 0,1 отсто, цените на мало намалување за 0,5 отсто. Во однос на октомври лани трошоците на живот бележат рат од 2,1 отсто, а цените на мало од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 60,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува 49,5 денари за литар.
Вкупно 62 отсто од компаниите во земјава се соочуваат со недостиг на стручен кадар. Според последните анализи на Стопанската комора, нема доволно бравари, монтери, месари, касапи, келнери, готвачи.
Управата за јавни приходи ги достави налозите за повратот на ДДВ на граѓаните од мерката Викенд без ДДВ, а исплатата ќе се врши од утре.
Не дискусии, туку брзи и одлучни решенија базирани на реални проценки, му се потребни на бизнисот во овој момент.
Вкупно 9 396 015 000 евра изнесува трговската размена на земјава во периодот јануари – септември 2020 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Извештајот за стечајот на затворената банка подготвен од стечајниот управник сега веќе јавно објавен после првото рочиште „вришти“ од криминал. На секоја наредна страна нова криминална приказна. Се заедно украдени речиси 60 милиони евра од депозитите на граѓаните и фирмите.
На четвртиот ден на Меѓународната младинска конференција “Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа” се одржаа две панел дискусии на која истакнати говорници разменија мислења со учесниците на конференцијата.
Во рамките на можностите да се користат новите начини на плаќање, со тоа се заштедуваат ресурси и време и се постигнува ефикасност, а во актуелните околности се штити и сопственото и јавното здравје, апелира вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска
Народната банка информира дека е објавен нов труд од серијалот текстови „Економија за секого“ – “Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото?“