Тој посочи дека Универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија.
Градежниот сектор како еден од секторите двигатели на македонската економија може да допринесе за излез од кризата и со тоа и за забрзување на економскиот развој во периодот на опоравување доколку му се овозможат услови за работа
Како што соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од елементите што ја сочинуваат кошничката, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.064,5 денари, на домување 1. 788,99, на хигиена 23.79,82, на превоз 2.466,69, на облека и обувки 2 138,02, на култура 1 066,79, додека на одржување на здравје 716,20 денари.
Даноците за животна средина имаат учество од 1,9 отсто во Бруто домашниот производ. Ова се податоците за 2018 година што ги објави Државниот завод за статистика и според објавените податоци тие се непроменети во однос на 2017 година.
Развојната банка (РБРМ) на својата веб-страница објави јавен повик, со кој се понудува можност на компаниите-корисници на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за дополнителни три месеци.
Заев истакна дека голем потенцијал за инвестиции има во земјоделското земјиште кое што во голема мерка е уште државно.
Секој четврти млад човек е вработен во еден од најтешко погодените сектори, и заедно со влијанието кое кризата го има врз образованието и обуката, ова претставува ризик тие да станат генерација која ќе ги сноси последиците уште долго.
За мало претпријатие е предвидена глоба од 5.500 до 6.000 евра. За средно претпријатие од 17.500 до 18.000 евра, а за големо претпријатие глоба во износ од 25 илјади до 30 илјади евра во денарска противвредност.
Во периодот јануари ‒ август 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Несовесно е повикувањето од страна на Независната угостителска комора (НУК) да се затворат сите угостителски објекти на две недели, оценува Синдикатот за угостителство и туризам (СУТ) при КСС.