Мошне важно е што преку досегашните мерки на Народната банка во текот на ковид-кризата се спречи намалување на кредитната поддршка, со цел и да се помогне на реалната економија, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.
Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри.
Актуелната здравствено-економска криза којашто го зафати целиот свет, вклучувајќи ги и Република Македонија и Шпанија, наметнува активно следење на ситуацијата и навремени реакции од страна на владите
Пад од пет проценти на македонската економија годинава и раст од три проценти следната година, предвидува Европската банка за обнова и развој во денеска објавената есенска макроекономска прогноза.
На традиционалната средба и саем на превозниците што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на транспортната организација Макaм-транс ќе бидат презентирани предизвиците и последиците од пандемијата Ковид-19 во оваа дејност
На крајот на вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесува 2.953 милиони евра (или 27 проценти од БДП), што претставува зголемување за 39 милиони евра, покажуваат податоците што ги објави денеска Народната банка.
На настанот, информираат од Народната банка, фокусот секогаш е ставен на актуелни теми и прашања за централнобанкарската заедница, а годинешното издание беше на тема „Сѐ за ковид-19 – геополитички, економски и макрофинансиски перспективи на земјите од Западен Балкан”.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги потсетува работодавачите дека до крајот на годината треба да ја исполнат законската обврска и на работниците да им исплатат К-15.
Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во август годинава бележи пад на прометот од 9,6 отсто во споредба со истиот месец лани или номинално намалување за 7,2 процента.
За 4,7 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, додека во август 2020 година во споредба со август 2019 бележи пад од 5,1 отсто.