Вчера се одржа Свечена академија по повод 100 години од основањето на Археолошкиот музеј во Скопје.
Како што информираат од „Елема“, првата годишна клупска изложба ги најавува идните активности на Клубот.
Во кафе книжарницата „Буква“ вечер ќе биде промовиран новиот роман од Калина Малеска „Светот што го избрав“. Романот е објавен како 227 книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или.
Како што објави НУ Турски театар - Скопје, Јашар беше чинарот на нашиот театар, нашиот сакан и вреднуван колега.
Македонската асоцијација на издавачи го распишува осмиот по ред конкурс за наградите на МАИ за најдобри достигнувања во издаваштвото во периодот меѓу двата саема на книгата.
НУ Народен театар-Битола, македонски претставник на меѓународниот театарски фестивал кој викендов се одржа во српскиот град Рума, освои пет награди за претставата „Кислород“ од Иван Вирипаев во режија на Иван Јерчиќ.
Со промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на авторот Љупчо Јолевски, почнува седмото по ред издание на меѓународниот Џез Фактори Фестивал.
Манифестацијата годинава се одржа со средства на организаторите и делумна поддршка од Општина Кочани, како и од неколку спонзори, со оглед што не се најде на списокот за поддршка од Министерството за култура.
Оваа недела, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе ја посвети на македонската литература
На големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва во 20 часот ќе се одржи стендап шоу на Сашко Коцев, со кое ќе биде затворен годинашниот трет по ред Фестивал на комедијата „5 ре“.