Во Изложбениот салон – Империјал 1 вечер ќе биде отворена изложбата на скулптури и слики насловена „Надвор од кутијата“ од Владо Павлески
Самостојната изложба на академскиот сликар Љупчо Бојаров в четврток ќе биде отворена во Народниот музеј во Велес. Публиката ќе може да ги погледне ликовните дела на Бојаров, изработени во мал формат од 1985 до 2019 година.
Најголемата дама на српското глумиште Тања Бошковиќ годинава го добива признанието за посебен придонес во светската филмска уметност што го доделува четвртиот Интернационален филмскиот фестивал „Киненова“
Новата книга „Аб’т“ од македонска писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска утре излегува од печат. Издавач на делото е издавачката куќа „Или-или“
Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2019“ ќе почне со гала оперски концерт на солисти и оркестарот на Националната Опера и Балет, и под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ
Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, викендов ги претстави македонските фолклор, култура и традиција во турскиот град Сафранболу во рамките на проектот „Денови на Македонската култура во Турција“
Италијанската поп-ѕвезда Ерос Рамацоти вечерва, во 20 часот, во организација на „Авалон продукција“, ќе одржи концерт во Скопје во А1-арената
Хорот на словенечкото здружение „Триглав“ од Битола ги заврши гостувањата во словенечкиот град Нова Горица и хрватскиот град Риека
Повеќе настани ја одбележаа манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта 2019“, што се одржа од 15. до 26. месецов, во организација на Лекторатот по македонски јазик во соработка со Здружението на Унгарците – Теледом од Скопје
Женскиот дел од ЗФГ „Копачка”, село Драмче, Делчево настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал на танцови клубови „Шарена Стомна”, кој се одржа во Добриниште, Општина Банско, Република Бугарија