Самостојна изложба на младиот и перспективен македонски автор, Филип Лафазановски ќе биде отворена вечер во 20:00 часот во „Рудиќ Галерија“
Изложба на македонскиот уметник Ранко Дакиќ, кој живее и работи во Берлин, Германија, вечер ќе биде отворена во НУ Музеј на современата уметност (МСУ), во Скопје
Комеморативната седница по повод смртта проф. д-р Томе Груевски, насловен вонреден професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одржи денеска во 11 часот во Свечената сала на Факултетот
Министерот Хусни Исмаили денеска се сретна со претставници на Меѓународниот фестивал за детска литература и илустрација, „Литера“ од Центарот за визуелна комуникација и графички услуги „Ефектива“, кој е поддржан во Годишната програма на Министерството за култура
Во Штип утревечер ќе почне Фестивалот за деца и младинци „Малиот принц“, најавија денеска на прес-конференција директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Ката Мишева и уметничкиот директор на фестивалот, Трајче Кацаров
Перформансот-инсталација „Оваа зграда зборува (на)вистина“, кој во јуни победи на Прашкото квадренале за перформанс дизајн и простор, вчера беше претставен во придружната програма на 53. БИТЕФ, најпрестижниот театарски фестивал во регионот
Кинотеката задутре од 20 часот ќе организира Вечер посветена на Стефан Сидовски-Сидо (1946-2019), еден од најомилените професори по филозофија и филм, кому Киносојузот на Македонија му ја додели највисоката титула – Мајстор на аматерскиот филм
Битола и францускиот град Епинал продолжуваат да го негуваат пријателството, a последниот пример е изложбата посветена на Првата светска војна, изработена од учениците од гимназијата Јосип Броз Тито од Битола, која беше отворена во Епинал – Франција
Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ соопшти дека филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска викендов освои седум награди на три фестивали во светот
Драмското студио „Летечка театарска трупа“ при Центарот за култура Иљо Антески Смок од Тетово со две претстави денес и утре ги започнува есенските настапи пред тетовската публика. Активностите „Летечка театарска трупа“ продолжуваат на крајот од септември и почетокот на октомври кога ќе гостуваат пред македонската публика во Канада и Соединетите Американски Држави.