Уметницата Михаела Јовановска во соработка со видеоавторката Вероника Камчевска утре од 18 часот во „Gallery MC“ во Њујорк ќе го претстави мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“ кој за посетители ќе биде отворен до 30 септември
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечер и утре ќе биде одржан традиционалниот џез фестивал. Двете фестивалски вечери почнуваат во 20:00 часот
Во камерната сала на Филхармонијата вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена операта „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл, со настап на македонскиот баритон Васил Гарванлиев и канадската сопранистка Криста де Силва, која првпат гостува на македонската сцена. Организтор е Уметничкиот центар „Полифонија“
По премиерата на „Охридско лето“ во јули, Драмски театар вечер од 20 часот на матичната сцена ќе ја изведе новата претстава „Несоодветно за на работа“ („Not Safe for Work“) според текстот на Луси Кирквуд и во режија на Доналд Ворен Мофет. Скопската премиера на претставата е дел од програмата на претпоследниот ден на 44. Млад отворен театар
„Мардам“ е насловен заедничкиот перформанс на младиот пијанист Арда Мустафаоглу и ликовниот уметник Мирослав Масин, кој вечер од 19 часот ќе се одржува на Школка во Градски парк
Традиционалната Меѓународна ликовна колонија во комплексот „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези денеска ќе биде отворена
Ансамблот музичари од поранешна Југославија „No Borders Orchestra“ ја продолжува својата турнеја „B Matinee“. Ансамблот вечер ќе одржи концерт во салата „Унион“ во Марибор со што ќе биде затворен фестивалот „Марибор 2019“.
На фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола беше прикажан документарниот филм „Медена земја“, за кој имаше голема заинтересираност од домашната публика
Во организација на Агенцијата за филм деновиве во Битола се одржува работилница на која преку креативни и оригинални вежби се развиваат идеи за филмови
Пишувам со светлината, а тоа е така затоа што сум посветен на фотографијата, збор кој доаѓа од грчките зборови фото (photos) што значи светлина и графија (graph) што значи цртање со линии или пишување, појасни грчкиот кинематографер Јоргос Арванитис, годинашниот добитник на златна „Камера 300“ за животно дело