Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62.Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија
Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“ од Охрид по осми пат ја организира кутурно-забавната манифестација „На зајдисонце“
Со свечено дефиле низ струшките улици и настап на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ синоќа се одржа 13. издание на фестивалот „Фолклорен мост“
Синоќа во рамките на годинешното издание на „Струмица опен фестивал“ се организираше играње друштвени игри, насловено како „Board Games Day“
Програмата на годинешното фестивалско издание на „Охридско лето“ продолжува со концертот на барокниот ансамбл „Дорико“, составен од уметниците Даниела Нуцоли – мецосопран/виолина, тенорот Раул Хернандез, Клодиана Бабо – барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе – виолончело и чембалистот Џованимариа Перучи
Традиционално четврти пат на градскиот плоштад „Цар Самоил“ во Ресен, пред таверната „Џез“ се одржуваат „Ресенските џез вечери“. Настанот е во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, а присутните синоќа ги забавуваше групата „Инстинкт“.
Кларинетистот од Данска кој потекнува од Битола, Бјонко Стошиќ Петерсен, ќе настапи со својот бенд „Bjonko & The Balkanbeat Band“ вечер од 21 часот во Сули ан. Концертот е во рамки на „Скопско лето“ и во соработка со „Локум фест“.
Во кино „Култура“ вечер од 20 часот ќе биде прикажан филмот „The Way of Clave“ во организација на Фестивалот на документарен креативен филм „МакеДокс“.
Концерт на тенорот Шкодран Толај во пијано придружба на Дарко Мариновски ќе се одржи вечерва во рамки на „Лето на тетовската култура“.
Програмата на годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашната изведба на театарската претстава „Каде е пиштолот“ во изведба на Народниот театар од Охрид.