Синоќа во рамките на годинешното издание на „Струмица опен фестивал“ се организираше играње друштвени игри, насловено како „Board Games Day“.
Поголем брј граѓани, меѓу кои и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општината, се натпреваруваа во шах, табла, рубикови коцки, IQ сложувалки, меѓу кои и најпопуларните „Istanbul“ и „Ticket to Ride“ и многу други.
На настанот беше промовирана и новата македонска игра „Meet The Manchers“ на „DeVanchi Games“.
Во рамките на фестивалската понуда се одржаа и 25-те Традиционални музички средби на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“, на која пејачи и музичари со телесен инвалидитет се натпреваруваа за најдобро исполнета песна.
Настанот беше отворен со перформанс „После дождот“ во изведба на групата „Надеж“ од Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ со ученичката Ева Стојковска и Центарот за балетска уметност „Reverence“ на Оле Илиева.