„Преобоени фотографии“ е насловена изложбата која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музеј на Република Македонија.
„Моја бесмртна љубов“ е насловена концертната сезона 2019-2020 на Филхармонијата, во која ќе одбележи 75 години постоење.
Здружението Антропија, кај нас, носител на независната, алтернативна театарска сцена, чии актери се познати по нивните претстави „Да го поздравиш и да ми го бациш“, „Експеримент“ и „Ужеганатост“, започнаа со реализација на нов проект, инспириран од живите ритуали и човекот и значењето на човекот кој секако се наоѓа во центарот на овие ритуали
На градскиот плоштад во општина Кратово се поставени џиновски скулптури на изумрени праисториски животни кои ќе го красат амбиентот на градот во следните триесетина дена
Во рамки на Скопско лето, вечер во 20:30 часот во Националната галерија – Даут пашин амам, концерт ќе одржат виолончелистот од Словенија, кој живее и работи во САД, Гал Фаганел и нашата пијанистка Маја Божиновска
Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 20 часот ќе биде отворена меѓународната изложба „Уметност, меѓународна група и пријатели“, на која ќе бидат претставени дела од 15 уметници од Русија, Велика Британија, Бугарија, Србија, Италија, Германија, Романија и од нашата земја
Програмата на „Охридско лето“ за денеска предвидува три уметнички содржини. Музичката програма продолжува со концерт на квартетот „Асасело“, со уметниците Ростислав Кожевников на виолина, Барбара Штрајл – виолина, Јустина Шлива – виола и Тееми Мјоханен на чело
Министерот за култура Хусни Исмаили денеска се сретна со албанскиот амбасадор во земјава Фатос Река
Наскоро од печат ќе излезе книгата „Горна Бошава низ времето“, посветена на селото Горна Бошава од авторите Дарко Најдов и Јован Петков
Во рамки на годинашното издание на „Струмица опен фестивал“ синоќа во Градскиот парк се одржа вечер на афоризми