Во Гевгелија е отворена изложба на уметнички дела од Христина Смилкова која е лице со попреченост во развојот. Настанот го организираа Центарот „Мајка Тереза“, нејзинте родители и Домот на културата од Гевгелија
Во Музејот на современата уметност МоМУС во Солун в среда ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко” организирана од Музејот на современата уметност (МСУ) од Скопје, на која ќе бидат претставени дела на 14 уметници од Југоисточна Европа
Со тивка песна и громогласни три истрели во подножејот на Бистра овој викенд ќе се најави традицијата на мијачките свадби
„Димитар Солев како полемичар“ е насловот на новата книга на Веле Смилевски, објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје
Со концерт на светски познатата виолинистка, Ванеса Меј вечер на Антички театар ќе биде отворено 59. издание на фестивалот „Охридско лето“
Проекција на унгарскиот филм „Лиза-лисицата самовила“ (LIZA, a rókatündér) (2015), вечер ќе се одржи на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан
Финансиското друштво Тиго Фајнанс и продукциската куќа- организатор на едни од најпосетените фестивалски случувања кај нас, Пасворд Продакшн, го најавија своето ексклузивно партнерство за претстојните Д Фестивал, Green Beach фестивал, Таксират и Skopje Beer Fest
Изложбата на слики и цртежи „Раѓање на идејата“ (Анамнестика) од авторот Дарко Трпчески ќе биде отворена вечерва со почеток во 20:00 часот во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“
Во изложбениот салон на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“-Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Релации“ со дела од двајцата млади уметници – Игор Таневски и Александра Костадиновска
Во Археолошкиот музеј вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Великата степа: историја и култура“ од Националниот музеј на Казахстан, на која главен експонат е Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „казахстански Тутанкамон“