На „Скопско лето“ вечер од 20 часот во Театар Комедија е претставата „Забрането смеење“ од Миро Гавран во режија на Игор Ивковиќ и во продукција на театарот „Антон Панов“ од Струмица
Новите урбани скулптури во Велес ги создадоа Весела Стаменова од Софија и Павел Василев од Смолен од Бугарија и Никола Ненадиќ од Риека, Хрватска.
Раководството на фестивалот на забавна музика „Макфест 2019“ на денешната прес-конференција ги соопшти изведувачите и тимовите, кои ќе настапат на трите фестивалски вечери, на 10, 11 и 12 октомври
Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 15. филмски фестивал Евроазија во Казахстан ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска
Со доделувањето на традиционалната награда „Поетска муза“ за најдобра интерпретација и стилска композиција на песна на хравтската поетеса Анѓелка Корчуланиќ за делото „Писмо до Никола Тесла“, синоќа во Битола почна меѓународниот фестивал „Поетски синтези“
Десет ученици и нивни наставници од Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ од Скопје заминаа во Италија на Фестивал на млади музичари од Медитеранот, каде што ќе настапат заедно со ученици од Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Словенија, Црна Гора, Грција, Шпанија, Романија и Италија
Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер од 20.30 часот во Националната опера и балет ќе одржи концерт „Од класика до евергрин“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и во рамки на „Скопско лето“
Заврши 16. Интернационален фолклорен фестивал (ИФФ) „Велес 2019“ во чии рамки изминатите три вечери настапија 17 ансамбли, 11 од земјава и шест од: Италија, Полска, Република Српска – Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија
Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „казахстански Тутанкамон“ ќе биде претставен во Археолошкиот музеј во Скопје од 11 јули до 11 август. Најпознатиот и најзначаен археолошки пронајдок од Казахстан е идентификуван од научниците како 18-годишен воин на Сака – племе од азискиот народ Скити кои во минатото владееле со пространите казахстански степи
Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово освои Гран-при за најдобри изведувачи на 45. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој синоќа на Рудина кај Долнени заврши со доделување на наградите. „Гајдата на Пеце“, пак, што ја доделува Општина Долнени, ја доби гајдаџијата Санде Николов од Фолклорниот ансамбл „Мугри“ од Кочани