Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Патот на Сефардите“ на Здружението на еврејски населби „Caminos de Sefarad“ од Шпанија, во организација на Шпанската амбасада
По повод 50 години од првата самостојна изложба на Славко Упевче, вечер во куќата на Робевци ќе биде отворена изложба со дела од академскиот сликар
Настаните од еднонеделната културна манифестација „Петровденски конаци“, со која Кочани ќе го одбележи Петровден, празникот на градот почнуваат денеска
Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ организира мини саем на книгата, овој пат со издавачката куќа „Антолог“
Осумнаесеттата меѓународна ликовна колонија,чиј организатор и домаќин беше Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија, заврши со работа со традиционално изложување пред публиката на сите дела создадени изминативе денови
Марина Петровска и Огнен Караѓозевски се годинешните невеста и младоженец, кои ќе ја овековечат нивната љубов на традиционалната културно-сценска манифестација Галичка свадба, која по 46-ти пат, од 12 до 14 јули ќе се одржи на планината Бистра во Галичник
Романот „Нишан“ на Блаже Миневски е објавен на кинески јазик. Издавач на делото е една од најголемите и најпрестижни издавачки куќи во Кина „Shanghai Literature & Art Publishing House“, а преводот е на Ванг Личун
Македонскиот поет Раде Силјан е добитник на престижната меѓународна награда за целокупното негово творештво и за големиот придонес во развивањето на јужнословенските и балканските литературни и културни врски
Педесетина поети од земјава и странство ќе учествуваат на манифестацијата „Струшки книжевни средби“, која традиционално по 9. пат од денеска до 6 јули ќе се одржува во Струга, Охрид и Вевчани, во организација на културниот центар „Бран“ и ревијата „Бранувања“
„Глорија – концерт за душа“ е насловен концертот на Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ со диригентката Летка Димовска-Полизова, кој во рамки на „Скопско лето“ ќе се одржи вечер од 20.30 часот во Куршумли ан