По едногодишни интензивни подготовки, продукциската куќа „Дрим Фектори“, заедно со режисерот Стојан Вујичиќ го најавуваат почетокот на снимањето на првиот македонски долгометражен филм за деца „СТЕЛА“.
Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Владимир Лазовски денеска и утре учествува на 17. сесија на бордот на министри за култура на земјите-членки на меѓународната фондација „Форум на словенските култури“ во Љубљана, Република Словенија
На брегот на Преспанското езеро во Отешево денеска 20 тина деца, членови на ликовната секција која работи при Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, предводена од ликовниот уметник Марија Груевска, заедно со 15-тина членови на здружението на ликовни уметници Преспа арт, денес создаваа свои ликовни дела
Ретроспективната изложба „Грабење во просторот“ (1981-2019) на Глигор Стефанов синоќа беше отворена во Музејот на современа уметност, како прв настан во рамки на 40. издание на манифестацијата „Скопско лето 2019“
Турски театар-Скопје утревечер од 20 часот на сцената на Театар Комедија премиерно ќе ја изведе „Три сестри“ по мотиви од драмата на Антон П. Чехов, во адаптација и режија на Васил Христов, кому ова му е трета соработка со овој ансамбл во изминатите 25 години.
Стефан Неделковски на саксофон е добитник на Гран-при наградата на 18. Интернационалeн музички натпревар за млади музичари „Охридски бисери” што се одржа во Охрид. Втората и третата награда им припадна на музичари на труба – Стефан Георгиев и Јустас Дракшас.
Во рамки на летните активности на МАНУ, во Куќата на Уранија во Охрид како дел од Манифестацијата „Научна и уметничка визита 2019“ во периодот од 27 до 29 овој месец ќе се одржуваат научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ.
„Дали и ти си мигрант?” е насловена изложбата на Дарко Талески која ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Авторот Талески ја пренесува приказната на пет локални прилепски уметници поврзани со темата миграција.
Филмови од поновата мексиканска продукција ќе бидат прикажани во рамки на Деновите на современ мексикански филм, што од денеска до 25 јуни ќе се прикажуваат во Кинотека.
Група независни уметници преку писмо до премиерот Заев изразуваат загриженост од најавите дека пејачот Бени Шакири би можел да биде поставен за директор на МКЦ.