Сите заинтересирани поединци и организации од областа на културата кои би сакале да се претстават пред тетовската публика имаат можност да поднесат барање до Националната установа „Уметничка галерија Тетово” каде во текот на 2020 година би можеле да се организираат изложба или слично претставување
Театарската претстава „Денот кога се заљубив“ синоќа ја заокружи работата за оваа сезона на драмската секција, која работи под закрила на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен
Со претставата „Странци“ на Драмски театар од Скопје вечер завршува официјалната програма на 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
Дваесетина ликовни творци од земјава и од странство ќе учествуваат на ликовната колонија „Љубанци 2019“, што почнува денеска и ќе трае до 21 јуни
Зборник на текстови „Наративите во полуавторитарни режими: случајот со Македонија“ во издание на Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) вечерва беше промовиран во киното „Култура“
На Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп, денеска во рамки на фестивалската програма беа доделени признанијата од „Евродрам“ на преведувачите Оливера Павловиќ и Дарко Јан Спасов кои преведоа три наградени текста од руските драмски автори Иван Вирипаев и Људмила Разумовскаја, како и од ирскиот драматичар Конор Мекферсон
Угледната италијанска меѓународна награда што го носи името на славниот италијански поет и хуманист Франческо Петрарка му е доделена на поетот и академик Ристо Василевски за неговиот голем придонес во светската поезија
Околу 60 дела изработени од 25 неакадемски уметници од Куманово, вечерва ќе бидат изложени на традиционалната ликовна изложба „Самоуки“ што ја организира Центарот за култура „Трајко Прокопиев“
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на дела од 25. Интернационална кичевска ликовна колонија. На изложбата се претставени 22 дела кои се само дел од изработените од учесниците на оваа колонија вo 2018 година, односно Жарко Јакимовски, Боро Арсовски, Илбер Зулфаќири, Ферудин Ишман од Северен Кипар, Снежана Гроздановиќ од Србија и други
Изложбата „Магла“ вечер ќе биде отворена во мултимедијалниот центар „Мала станица“