Издавачки центар ТРИ во пресрет на својот 20 годишен јубилеј за Саемот на книгата најавува богата и амбициозна саемска програма со многу нови звучни наслови, гостувања на странски автори, промоции, предавања, разговори, дружења и многу други активности што ќе се случуваат од 8 до 14 мај, во ВИП-арената „Борис Трајковски“ на 31 издание од оваа манифестација
НУ Народен театар-Битола новата театарска сезона ќе ја реализира под мотото „(Љ)уби го ближниот свој“ и ја почнува со премиерната претстава „Бакхи-Краток преглед на распадот“ чиј режисер е Игор Вук Торбица
Бугарскиот писател Алек Попов е годинашен добитник на наградата за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот – „Прозарт“. Авторот на хит-романите „Мисија Лондон“, „Црната кутија“, „Сестри Палавееви“ ќе биде гостин на 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“, а признанието ќе му биде врачено на 21 мај во Даут-пашиниот амам
Во камерната сала на Филхармонијата вечер од 20 часот ќе биде одржан свечен концерт по повод Светскиот ден на хармониката, во организација на здружението „Љубители на класичната музика” од Скопје
Издавачката куќа „Или-или“ вечер од 21 часот во „Менада“ ќе ја промовира новата книга на Лидија Димковска – „Кога заминав од Карл Либкнехт“ – збрика со раскази замислена како 27 исповеди на луѓе од различни страни на светот чиј живот на некој начин бил поврзан со името на Карл Либкнехт, поточно со адресата врзана со неговото име
Во клуб-ресторанот на Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде промовирана поетската книга „Стан што се распаѓа“ од Биљана Стојановска
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и оваа година заради полесен пристап на посетителите ќе воведе две специјални автобуски линии со броеви 100 и 200 до ВИП Арена „Борис Трајковски“ за време на одржувањето на Саемот на книгата од 8 до 14 мај
„Крстна коска“ е новата, петта книга поезија на Наташа Сарџоска која ја објави издавачката куќа „ПНВ Публикации“ и ќе биде достапна на претстојниот Саем на книгата
Од оваа година 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, со одлука која Владата ја донесе на седница минатиот месец
Во изложбениот салон на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на љубителите на уметноста синоќа прв пат со изложба на свои дела им се претстави прилепчанката Лилјана Ристеска