Со наслов „Не си играј со телефонот мамо, играј со мене“, Културно уметничкото друштво „Дримкол“ утре во Домот на културата во Вевчани ќе го одржи својот годишен концерт
Македонските писатели Даниела Андоновска-Трајковска за збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“ и Игор Крајчев за поетската збирка „21“ се годинашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“, што традиционално ги доделува културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга
Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје го објави романот „Ги изеде дождот“ на Жарко Милениќ, а во превод од хрватски јазик на Анета Пауноска
Во пресрет на одржувањето на традиционалната поетска манифестација „Празник на липите“, Друштвото на писатели на Македонија распишува награден конкурс за најдобра необјавена песна што ќе биде прочитана на манифестацијата
Под заедничкиот наслов „Mediterranica“, најновиот, 21-ви број на престижното српско литературно списание „Eckermann” објави избор од неколку песни на македонскиот писател Томислав Османли
Со проекција на комедијата „100 работи” во киното „Милениум“, денеска почнува 14. Фестивал на Новиот германски филм
Унгарската Амбасада во Скопје во соработка со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, вечер во Уметничката галерија во Тетово, ќе ја отвори изложбата „Будимпештански приказни“
Изложба на фотографии насловена „Будимпештански приказни“ ќе биде отворена утревечер во Националната установа „Уметничка Галерија“ – Тетово, што се наоѓа во стариот турски амам
Македонскиот режисер, композитор и основач на битолскиот „Подвижен Музички Театар“ (Moving Music Theatre Bitola), Марјан Неќак е добитник на наградата „Марул“ што ја доделува хрватскиот фестивал на драма „Денови на Марулиќ“
Кинотеката ја објави програмата за мај и јуни во која најавува спектар од интересни автори и настани, како и неколку значајни ретроспективи