Во рамки на дополнителната програма на „Охридско лето“, а по повод големиот христијански празник Велигден, во катедралната црква „Св. Софија“ утре со почеток од 18 часот ќе се одржи концерт на духовна музика со ансамблот „Ноктурно“ од Србија.
Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД) и Град Скопје од утре ќе го продолжат проектот за стрип-илустрации на митолошките јунаци од Скопско, што го почнаа минатата година, а е наменет за средношколци и студенти
Драмското студио „Летечка театарска трупа“ при Центарот за култура Иљо Антески Смок во текот на мај со една премиера и ново прикажување ги започнуваат годинешните активности и претставувања на работата пред публиката. На 8 мај со почеток во 19 часот ќе биде прикажана претставата „Возможна приказна – Абракадабра”
Во организација на Националната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа се одржа промоција на книгата „Последната книга на планетата земја” од младиот автор, Филип Петровски од Куманово
Николина Андова-Шопова која за книгата „Некој бил тука“ ја доби наградата „Роман на годината 2018“ од Фондацијата „Славко Јаневски“, денеска од 12 до 14 часот во книжарницата „Или-или“ ќе има неформална средба со читатели и ќе потпишува примероци од наградениот роман
Кандидатите заинтересирани за улоги или статисти во играниот филм „Сестра” во режија на Дина Дума може да се пријават на отворената аудиција која ќе се одржува денеска и утре од 10 до 18 часот во просториите на „Вардар филм“
Со наслов „Дидимус“ (Близнакот) младиот ликовен уметник Александра Ацеска ја отвори инвентивната прва самостојна изложба во родниот Прилеп, во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“
Актерот Мето Јовановски доби Повелба за исклучителен придонес во филмската уметност, а во негова чест во Кинотеката почна ретроспектива од осум негови филмови во рамки на програмата на 22. Скопски филмски фестивал
Фестивалот „Охридско лето“ е рангиран на трето место во Европската асоцијација на фестивали што вклучува стотина такви манифестации од 40 земји, оценија делегатите на годинашното Генерално собрание на ЕФА што се одржа во Лисабон
„Македоника литера“ ја објави преведена на македонски јазик збирката раскази „Ужас и големи трошоци“ од хрватскиот писател Роберт Перишиќ