Културното наследство на Скопје и неговата околина е историски извор за слоевите различни цивилизации во минатото, но и потенцијал за туристичка промоција и економски развој во иднина. Неговото значење од повеќе аспекти беше актуализирано со научни трудови на конференција што денеска ја организираше Институтот за македонска литература во соработка со Град Скопје
Дигитализираниот опус долгометражните играни филмови на Кирил Ценевски влезе во трка за меѓународната награда за најдобар ДВД производ што се доделува во рамките на престижниот фестивал на реставрирани филмови „Ил Чинема ритровато“ во Болоња, Италија
Камерна опера-Битола вечер во свечената сала на НУ Завод и Музеј, премиерно ќе ја изведе музичко-сценската драма „Надеж”, чиј автор е Маја Митровска, а режисер Васко Мавровски
Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска го посети Институтот за културно и духовно богатство на Албанците (ИКДБА), каде оствари средба со директорот на Институтот, Скендер Асани
Министерот за култура Асаф Адеми оствари работна средба со Серхат Кула, директор на Турскиот културен центар – Институт „Јунус Емре“, на која разговараа за досегашната соработка и за проектите што ќе се реализираат во 2019 и 2020 година
Актерот, сценарист и режисер Коле Ангеловски објави автобиографска книга за 50-те години кои работно ги поминал во Драмски театар-Скопје
Факултетот за драмски уметности денеска напладне ќе одржи комеморација за нивниот професор, режисерот Златко Славенски, кој ненадејно почина во понеделникот.
Филмскиот критичар и уметнички директор на фестивалот „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре, ќе претседава со жирито на филмската критика ФИПРЕСЦИ на 41.Интернационален филмски фестивал во Москва (МИФФ), кој ќе се одржува од 18 до 26 април
Во Ликовниот салон на МАНУ утревечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на околу 80 оригинални дела од 17 уметници од 20 век членови на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина
Претставата „Како се прави човек“, во режија на Хана Миленковска, е добитник на Гран при наградата за најдобра претстава во целина на 12. Интернационалниот театарски фестивал (ИТФ) „Лица без маски“, информираат од фестивалот