Ќе почнат активностите за заштита на непроценливо вредниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Обезбедени се околу 300 000 денари за почетните активности, реагираа денеска од прилепскиот „Завод и музеј“ со прес конференција во црквата пред иконостасот
Министерот за култура Асаф Адеми денеска ја посети Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, посветена на светицата Мајка Тереза.
Во Драмскиот театар во Скопје денеска се одржа комеморација за актерката Билјана Беличанец која почина во саботата.
Драмски театар-Скопје денеска од 10 часот ќе одржи комеморација за актерката Билјана Беличанец која почина во саботата.
Министерството за култура соопшти дека направило анализа на потребните средства за порамнување на платите на вработените во установите од областа на културата по дејности, во согласност со постојните колективни договори на ниво на установи
„Матица македонска“ го објави романот „Песот со тажен поглед“ од Оливара Николова. Најновото дело на познатата писателка е автентично сведоштво за човечките судбини во Првата светска војна, кои засолниште наоѓаат во Британската воена болница во Скопје
Во Москва деновиве излезе од печат Антологија на македонската литература на руски јазик, која содржи избор од дваесет македонски писатели – поети, раскажувачи и драматурзи
Второто издание на најновата збирка раскази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска е во продажба. Книгата наскоро ќе се појави и на пазарите во Србија, Хрватска, БиХ и Словенија
Новиот тим на ДЛУМ го почнува мандатот со нејасна финансиска поддршка
Изложба на изработки од традиционалните ромски занаети, како и на карактеристични ромски јадења и облека организираше здружението „Светла иднина“ од Кочани, во рамки на одбележувањето на 8 Април, Светскиот ден на Ромите