„Од текст до претстава: македонски драми на сцената на МНТ“ e насловена изложбата со која Македонскиот народен театар ќе го одбележи 74-тиот роденден
Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Кан Арслан од Турција, диригент Бисера Чадповска
Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари средба со светски познатиот тенор Раме Лахај, кој деновиве престојува во Скопје
Поетот за деца Наум Попески на 18 и 19 април ќе учествува на меѓународниот фестивал на литература за деца „Детско царство“ во Бања Лука, кој е еден од најголемите на Балканот
Во галеријата Мала станица вечер во 18 часот ќе биде отворена гостувачка изложба од Посавскиот музеј во Брежице, Словенија, на словенечката уметница Аленка Герлович, по повод 100 години од нејзиното раѓање
Збирката раскази „Сите наши тела“ е нова книга од Георги Господинов (1968), најпреведуваниот бугарски современ писател. Во превод на македонски јазик книгата ја објави издавачката куќа „Или-или“.
Сценаристичка лабораторија е нов проект на Кинотеката во која секоја среда од 19 часот ќе се прави анализа на драмската структура на 12 филмски класици, а гостите – учесници ќе имаат можност одблиску да се запознаат со сите тајни – елементи, алатки и техники на сценаристичкиот занает.
Под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“, од 4 април на повеќе сцени ќе се одржува 15. „Танц фест“. Фестивалот ќе биде отворен в четврток во МНТ со претставата „Идентитети“ на Скопје танцовиот театар и ќе биде доделена наградата „Менада“ за врвни остварувања во областа на танцот.
До 10 јуни 2019 е отворен рокот за испраќање кратки раскази на третиот конкурс „Бибер“ на тема помирување.
Филмови од шпанските режисери Луис Гарсија Берланга, Карлос Саура и Луис Буњуел ќе бидат прикажани на „Скопје филм фестивал класик“ од 5 до 10 април во Кинотека.