Петко Костовски, задолжен за одржување на центарот, изјави дека тој е значаен за развојот на културата во општината. Домот, вели тој, постои од 1949 година кога е изграден од граѓаните на Автокоманда и Општина Гази Баба.
Ќе бидат прочитани меѓународната и македонската театарска порака. Нагласена е надежта дека догодина ќе почне изградбата на новиот театар во склоп на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Поентата на книгата е во завршниот монолог на Самоил, дека само стремежот кон доброто е она што навистина е наше: „Борбата за доброто ни е дадена како најголемо добро. Оној што се бори и сиот живот се стреми кон доброто, тој ја постигнал својата цел“.
Во организација на здружението на граѓани „Марков манастир” на 11 и 12 мај годинава во дворот на истоимениот манастир ќе се одржи голем базар на рачно изработени производи.
Изложба на јапонски графики од правецот „укијое”, насловена „Јапонскиот лебдечки свет”, синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. На изложбата се претставија 28 графики од најпознатите мајстори на дрворези од 17 и 18 век.
Светскиот ден на шегата 1 Април во Кратово ќе биде одбележан со две претстави во продукција на театарот „Провокација“ од Скопје.
Дел од средствата од продажбата на билетите ќе биде дониран во хуманитарна цел, за помош на социјално загрозено семејство.
Во книжарницата „Литература.мк“ вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Дур дишам се надевам“ од Владимир Мартиновски. Книгата е издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и содржи илустрации на Александра Филипоска.
Во Кинотеката вечер од 19 часот премиерно ќе биде прикажан филмот „Театарот во Скупи“ во режија на Владимир Блажевски.
Во Центарот за култура-Битола вечер ќе биде отворена изложба со 32 избрани фотографии на народни носии од Тошо Дабац (1907-1970), еден од најистакнатите фотографи од Загреб.