„Ракотворбите на жената во Тиквешијата” е насловена изложбата која денеска беше отворена во Кавадаречкиот музеј. Авторот, кустос-етнолог Томе Крстевски рече дека народните носии во Тиквешијата имаат многувековна традиција.
Музејот на македонската борба денеска организира изложба и хуманитарна работилница на тема „Жената борец за слобода и македонска државност“.
Во пресрет на 8 Март, во Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена тематска изложба „За неа“ со околу 70 дела инспирирани од жената, кои Националната галерија на Македонија (НГМ) ги има во својата колекција.
Уметницата Јана Манева-Чупоска ќе учествува на Интернационалниот саем за современа уметност во Токио, каде што ќе се претстави со дела и видео од циклусот „Портретирани сеќавања“.
Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе одржи комеморација за писателот и преведувач Ристо Ѓ. Јачев (1942-2019).
Кумановскиот театар утревечер со почеток во 18:30 часот, премирно ќе ја изведе преставата „Малата сирена“ по мотиви на Ханс Кристијан Андерсен, во режија на Бојана Краљевска. Ова е прва претстава наменета за најмладите во тековната година, информираа актерите на денешната прес-конференција.
Староградскиот оркестар при Домот на културата „Димитар Беровски“ во Берово вечерва одржа концерт.
Во Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје е отворена изложба на скулптури „Балкански ангели“ на бугарскиот скулптор Александар Пројнов-Апер.
По повод деведесетгодишнината од раѓањето на академик Матеја Матевски, „Матица македонска“ објави избор од неговата поезија, насловен според неговата позната стихозбирка – „Дождови“. Деведесет песни од богатиот опус на авторот се застапени во овој избор што го подготви поетот Раде Силјан.
Главните улоги ги толкуваат Ема Стоун и Стив Керел, информира Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.