По повод 25-годишниот јубилеј на Националниот комитет на меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС во Македонија Скопје ќе се одржуваат симпозиуми и предавања во сферата на конзервацијата што ќе се одвиваат низ нашата држава.
Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ денеска ќе ја организира шестата манифестација „Среќна Баба Марта 2019“, како дел од активностите поврзани со интернационалната апликација во УНЕСКО по повод признавањето на мартинките за нематеријално светско културно наследство.
По тешко боледување денеска почина Ристо Ѓ. Јачев – поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, преведувач.
Младинскиот културен центар повикува млади независни и неафирмирани автори на возраст до 30 години да се пријават на новиот проект „Сирова култура“, што планира да го организира четири пати годишно и на крајот на секое тримесечие да им даде простор да покажат што создаваат.
Програмата „Инкубатор“ за развој на младинската културна сцена, која ја организира Културниот центар „Интерарт“, објавува нов отворен повик за аудиции на млади уметници. Тие ќе бидат дел од новата продукција на Скопје танцовиот театар на „Танц фест 2019“ во три категории – современ танц, музика и визуелни уметности.
„Среде пустинската убост“ е насловот на песната посветена на монашкото секојдневие во манастирот „Свети Јован Крстител“ или познат како Бигорски.
На 37. Филмски фестивал во Бергамо „Bergamo Film Meeting“ од 9 до 17 март ќе биде организирана ретроспектива на комплетното творештво на режисерот, кинематографер, сценарист и монтажер Карпо Година, роден во Скопје во 1943 година. Фестивалот во Бергамо ќе го чествува Година како една од најрепрезентативните фигури на т.н. црн бран во југословенската и словенечката кинематографија.
„Прличев – сценски приказ на поетовата судбина“ е насловено драмското дело од академик Витомир Митевски во издание на „Матица македонска“.
Селекција од поезијата на Митко Гогов, концептуален уметник, поет и граѓански активист од Струмица е објавена во превод на шпански јазик на порталот „Vallejo & Co“, кој важи за еден од најдобрите портали за поезија во светот за сите оние од шпанско говорно подрачје.
На барање на публиката, Македонската филхармонија вечер од 19 часот повторно ќе го изведе концертот за деца и за возрасни „Со Дизни низ светот“.