Словенечкиот центар – Скопје вечер во Кинотека на Македонија организира прослава по повод словенечкиот културен празник – Прешернов ден.
Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе гостува во НУ Центар за култура – Битола каде пред домашната публика ќе ја изведе балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола.
Македонската филхармонија утревечер од 20 часот ќе го одржи концертот „Моја љубов“ посветен на Денот на вљубените.
Тетарската претстава „Бегство“, вечерва на сцената на Народниот театар-Штип ќе ја има својата премиера. Претставата е во режија на Јован Ристовски, а е работена по мотиви од „Крајбрежје“ на Едвард Олби. Режисерот Ристовски забележува дека претставата говори за причините, зошто младите масовно се иселуваат од земјава.
На денешната церемонија за доделување награди од независни жири комисии во рамки на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, беше соопштено дека престижната награда од жири комисијата “Ecumenical” ја добива нашиот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.
Младинскиот ансамбл на културно-уметничкото друштво “8 Октомври” кој функционира при Националната установа Центар за култура, Крива Паланка интензивно се подготвува за планираниот настап на 14-тиот Интернационален детски фолклорен фестивал “Чинарчик Јелоуа” во Република Турција.
Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе ја изведе операта „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах на австриската режисерка Урсула Хорнер, во која поетот Ернест Теодор Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта.
Средношколци од шест скопски училишта денеска попладне во Центарот за иновации „Јавна соба“ ќе го актуелизираат проблемот со врсничкото насилство и ќе прикажат примери преку методот на форум-театар како креативна алатка за изразување и пронаоѓање решенија.
Штипските културни институции задоволни од проектите одбрени од Министерството за култура. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град –Штип, Митко Штерјов вели дека годинава добиле финансиска поддршка од осум милиони денари. Најголем акцент годинава археолозите ќе дадат на истражувањата на археолошкиот локалитет „Баргала“.
„Културата во земјите во транзиција“ – македонско-словачка монографија со прилози од 14 автори беше промовирана денеска на Скопскиот универзитет, во која тематски се актуелизира степенот на влијанието на културата врз процесот на транзиција во Централна и Југоисточна Европа и се толкува од различни аспекти.