Средношколскиот фестивал за уметност „Три дена култура“ отвори повик за пријавување на млади уметници кои сакаат да учествуваат со свој краток филм, кратка театарска претстава, со својот бенд или на дигитална изложба на средношколскиот фестивал кој ќе се оддржи на 7, 8 и 9 март 2019 година во СУГС „Никола Карев“ – Скопје.
Во Белград синоќа во боемска Скадарлија во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ отворена е изложба на ранохристијанските теракотни икони од Виничкото Кале на Музејот Теракота од Виница.
Денеска почина академик Иван Катарџиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, соопшти денеска МАНУ.
На македонскиот сликар и карикатурист Мице Јанкуловски синоќа во просториите на Градската галерија на Ларнака, Кипар, во рамки на Биеналето Ларнака 2018, му е доделена наградата Уметник на светот.
Возрасната група на драмското студио ,„Дон Кихот“ од Гевгелија денеска и утре учествува на меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда“ кој се одржува во познатиот зимски центар Банско во Бугарија.
Со едноминутно молчење за ненадејната смрт на македонскиот драматург Горан Стефановски, во присуство на добитникот на Нобеловата награда за литература Воле Сојинка од Нигерија и многубројни гости и посетители вчера во Домот на хрватските бранители во Пула, Хрватска свечено беше отворен 24. Саем на книга.
Во Кинотеката на Македонија од понеделник до 7 декември ќе се одржи Неделата на современиот израелски филм под мотото „Меморијата е креација“.
Во спомен домот на Браќата Миладиновци денеска беше промовирана Монографија со фотографии од Струга и струшко направени од рускиот лекар Никола Незлобински, во рамките на одбележувањето на јубилејот 90 години од формирањето на истоимениот Музеј.
Ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ синоќа на Фестивалот на актерот во Никшиќ ја изведе претставата „Љубовни пози на историјата“ (Figurae , veneris, historiae) од Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска.
ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, годинава наградата „Бели мугри“ за млад автор до 35-годишна возраст и ја додели на авторката на поетскиот ракопис „Пад во немирна вода“, Катерина Гогова.