„Souvenir de Florence“ е насловот на камерниот концерт што ќе се одржи вечер (20:00) во Македонската филхармонија.
Во Хонг Конг од 5 до 20 декември се одржува изложба на скулптури на академскиот скулптор Алексадар Ефтимовски, насловена „Continuity” со која завршува неговиот петмесечен академски престој во Хонг Конг.
Во медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа беше промовирана книгата „Турцизми во македонскиот јазик“ од Борислав Гајдов прим. др во пензија, познат лекар специјалист, велешанец кој живее во Скопје.
„Полска низ фотографии – пред очите на македонската јавност“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена вечер во Домот за култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежници) во Скопје.
Советот на општина Демир Хисар денеска ќе му ја врачи наградата за животно дело на Славко Крстевски, писател, поет, драмски писател и актер, новинар и човек кој целиот животен и работен век го вложил за развој на образованието и културата во оваа општина.
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе одбележи 74 години од своето постоење и ќе го чествува патрониот празник.
Тринаесет автори од Куманово, ќе учествуваат на биеналнатa изложба на графики „Кумановски графичари 2018“, што ќе се одржи вечерва во 19.30 часот во центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Ова е осмо издание на изложбата чиј организатор е НУЦК „Трајко Прокопиев“. Прв пат на изложбата покрај докажаните автори ќе учествуваат и студенти од Куманово, така што публиката ќе има можност да проследи 27 графички листови, работени во повеќе графички техники.
Вкупно 35 фотографии од Месечината, Сонцето, планетите, небули и ѕвездени јата содржи изложбата што ќе биде отворена вечер во Домот на АРМ по повод јубилејот – 20 години постоење на Скопското астрономско друштво.
Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност денеска ќе биде отворена изложбата „Архивите – ризници на спомени“.
Апсолвентот на правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Нинослав Нанков, е победник на 22-та Ораторска вечер „Иво Пухан“, што синоќа се одржа на овој факултет, а на која тој учествуваше со говор на темата “Црни Тоги”, текст со критична содржина за актуелните состојби во македонското правосудство.