Книгата „Туја“ од реномираниот македонски писател Ермис Лафазановски ќе биде националниот претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика 2018“.
За да го одбележи јубилејот – 20 години постоење, Скопското астрономско друштво утре во Домот на АРМ, во 20 часот, ќе ја отвори изложбата на астрофотографии „20 години низ објективот на Скопското астрономско друштво“.
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија, вечер ќе се одржи јавно читање на кратките сценарија и кратки текстови од младите македонски драматурзи, Марина Трајковска, Артин Селмани, Џон Саркањац, Мона Паскалова и Стефан Марковски.
На претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Морски барнови“ вечер во 20 часот, како солист ќе настапи германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот.
На 81 година утрово почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра, Љубиша Георгиевски.
Националната галерија на Македонија е еден универзален храм на репрезентативното богато творештво кое оставило трајно сведоштво за ликовната уметност на овие простори и пошироко, почнувајќи од 12 до 21 век
Годинава за манифестацијата се пријавиле околу 38 кандидати од кои комисијата на чело со координаторот и професор по музичко образование Цобе Илиоски се одбрани најдобрите 29.
Во најновиот број на авангардното словенечко списание за култура „Апокалипса“ објавени се преводи на два подолги расказа „Писмо“ и „Полковникот Тик“ на Александар Прокопиев, преземени од неговата најнова книга „Делфинот“. Преводот е на Тим Сенчар.
Млади кореографи на возраст до 35 години од целиот свет можат да аплицираат на интернационалниот повик „DANCELAB 2019“, што е отворен до 15 јануари 2019 година. Под уметничко водство на македонскиот амбасадор во танцот Рисима Рисимкин, „DANCELAB“ е престижен меѓународен натпревар и е дел од Танц Фест Македонија кој следната година ќе го прослави својот 15-годишен јубилеј.
Во организација на Спомен-куќата на Мајка Тереза и Католичката црква во Македонија, а на барање на европратеничката Маријана Петир, вчера во Европскиот парламент во Брисел беше отворена изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“.