Таа посочи дека до крајот на годинава требало да се донесе новиот закон за јавен интерес во културата, а со тоа и да се потпише колективниот договор, но тој не е донесен, а средства за колективен договор не се обезбедени со буџетот.
„Научна фантастика на платно“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе го води диригентот Тимоти Редмонд од Велика Британија. Оркестарот ќе изведе теми од некои од најдобрите научнофантастични филмови, како: „Војна на ѕвездите“, „Ѕвездени патеки“, „Одисеја 2001“, „Алиен“, „Аполо 13“, „Почеток“, „Меѓуѕвезден“…
Почина академик Блаже Ристовски (1931-2018), редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, соопшти Македонската академија на науките и уметностите со голема тага.
Семејството на починатиот македонски писател и драматург, Горан Стефановски, објави дека неговото тело ќе биде кремирано на 5 декември во Катербури во Велика Британија, во 9.20 часот.
Речиси сите влијателни медиуми во регионот на поранешна Југославија ја објавија веста за смртта на македонскиот великан, драмскиот писател Горан Стефановски.
Кинотеката на Македонија од овој месец стана член на Европската мрежа на киноприкажувачи – „Europa Cinemas“.Главните цели на оваа европска мрежа се да обезбеди оперативна и финансиска поддршка на кината кои се обврзуваат значаен дел од нивните прикажувања да заземаат европски филмови кои не се од национално потекло, како и да реализира активности за младата публика.
Македонското музичко трио „Интерарт“ во состав Емилија Ристевска – Стефановска, флејта, Александар Стефановски, флејта и Татјана Божиновска, пијано, одржа концерти во Палата Периера во главниот град на Малта, Валета и во Англиканската катедрала во градот Слима.
Дипломира англистика на Филолошкиот факултет во Скопје (1974). Магистрира на Филозофскиот факултет во Белград (1979). Исклучителен познавач на англиската книжевност, особено на делата на Вилијам Шекспир.
Институтот за македонска литература (ИМЛ) во Скопје денеска и утре организира Меѓународниот научен собир со дебата на тема „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“, по повод јубилејот 10 години културолошки студии при Институтот.
Одбран тим археолози, историчари на уметност и останат кадар работи интензивно на годинашната сесија истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај село Градец, Крива Паланка, во рамки на Годишната програма за проекти од национален интерес во културата на Министерство за култура на Република Македонија.