Министерот Адеми на средба со новинарите денеска рече дека очекува добра соработка со претседателите и членовите на комисиите, верува во нивната стручност и дека ќе бидат чесни и ќе постапуваат по закон во одлучувањето кое, како што рече, ќе биде целосно транспарентно.
Претседателката на собраниската Комисија за култура Ирена Стефоска денеска и утре ќе учествува на меѓупарламентарен комисиски состанок на тема „Европско културно наследство“ во Европскиот парламент во Брисел.
Младиот пијанист Арда Мустафаоглу од Скопје, кој се повеќе ги освојува светските пијанистички сцени и на кого музичките критичари му предвидуваат ѕвездено небо, синоќа на малата сцена во Велешкиот театар ја дигна на нозе публиката, која трипати го враќаше на сцената.
Играниот филм „Еј!“ кој пред десет години е снимен без денар од тогашниот Филмски фонд, ентузијастички и речиси илегално од 17 актери предводени од режисерот Васил Христов, здружени во неформалниот „Еј Колектив“, вечер ќе биде прикажан премиерно во кино „Милениум“. Жанровски е политичка сатира што било и причина да заглави во фазата на постпродукција за која режисерот своевремено не можел да добие поддршка.
Со концерт на кубанската група „Фламенко Екос“, вечерва во Битола завршува 10. јубилејно издание на Меѓународниот фестивал „Музика од Светот“.
Една од најпопуларните оркестарски бајки за деца – „Петар и волкот“ од рускиот композитор Сергеј Прокофјев денеска ќе биде изведена во Македонската опера и балет. Под диригентство на младиот, но веќе искусен диригент Ангел Спироски, свитата ќе ја изведе реномираниот ансамбл „КонТемпора“, а низ приказната најмладите ќе ги води актерот Дејан Лилиќ, во улога на наратор.
Со премиера на македонскиот игран филм „Еј!“ на режисерот Васил Христов и соопштување на наградените филмови во натпреварувачките програми, вечер во кино „Милениум“ ќе биде затворен 17. Фестивал на европски филм „Синедејс“.
Книгата поезија за деца „Заедно да растеме“ од Филип Димкоски, објавена годинава во Академски печат, ја доби меѓународната награда „Книжевно перо“ за најдобра збирка поезија за деца во регионов.
Една од најпопуларните оркестарски бајки за деца – „Петре и волкот“ од рускиот композитор Сергеј Прокофјев утре ќе биде изведена во Македонската опера и балет. Под диригентство на младиот, но веќе искусен диригент Ангел Спироски, свитата ќе ја изведе реномираниот ансамбл „КонТемпора“, а низ приказната најмладите ќе ги води актерот Дејан Лилиќ, во улога на наратор.
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 21 ноември во 11 часот во салата за седници на Факултетот ќе одржат средба по повод смртта на академик Рина Павловна Усикова, истакнат лингвист и основоположник на македонистиката во Русија.