Министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Кинотеката на Македонија се обрати на свеченоста по повод почетокот на манифестацијата „Недела на современ дански филм“, во чии рамки ќе биде прикажан избор од современата данска кинематографија.
Свеченото отворање на манифестацијата 51. Детски Рацинови средби посветени на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес е денеска во 12:30 часот во салата „Бели мугри“ при Градската библиотека, каде ќе бидат врачени наградите на најдобрите ученици по распишаниот литературен и ликовен конкурс „Рацин, денес, вчера утре“, а ќе се одржи и културно уметничка програма.
Министерството за култура од 10-ти до 20 декември 2018 година ќе ја организира манифестацијата „Млади Европејци“ за да се промовираат европските културни вредности, односно преку млади таленти, тие да се дисперзираат во локалните средини, за да се збогати, омасови, интензивира, динамизира и раздвижи културната понуда.
Пијанистката Дуња Иванова и тенорот Исмет Вејсели в четврток ќе одржат целовечерен концерт во концертната сала на Универзитетот за уметност во Тирана, во рамки на второто издание на Балканскиот фестивал на современа музика.
На Факултетот за драмски уметности – Скопје, денеска во рамки на годинешното издание на „Скомрахи“, ќе се одржи Билатералната научна конференција „Македонско-словенечки театарски врски (од 1990 до денес).
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје денеска ќе отпочне со активностите по повод одбележувањето на јубилејот 65 години од основањето. Од почетоците до денеска, со научно – истражувачката, високо – образовната и издавачката дејност Институтот израсна во респектабилна институција од највисок ранг.
Општина Битола, на доајенот на македонската народна песна, битолчанката Виолета Томовска и додели наградата за животно дело, со што ги заокружи свеченостите посветени на празникот на градот, 4-ти Ноември.
На малата сцена во Македонска опера и балет вечер ќе биде изведена претставата „Марија Калас – Час“ – Теренс Мекнели во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2018.
Фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево на 9 и 10 ноември ќе ја претставува Република Македонија на 18. „Етно Глас” фестивал во Панчево, Република Србија.
На сцената на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, синоќа продефилираа околу сто и педесет млади играорци, учесници на детскиот фолклорен концерт.