Книжевнo пладне, по повод 30 години од смртта на големиот македонски писател Живко Чинго се оддржа денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.
Македонскиот виолинист и промотор на македонската изворна песна, маестро Зоран Џорлев годинава одбележува 40. години од неговото дејствување на полето на музиката.
Очекуваме градбата на Конгресниот центар да почне во септември оваа година и да заврши по неколку години, истакнаа Градоначалникот на Скопје и Министерката за култура.
Денеска во Театарот Комедија и во Турскиот театар ќе бидат одиграни претстави во чест на децата од СОС Детското село.
Во пресрет на 72-риот роденден кој го одбележува на 3 април, Македонскиот народен театар в сабота (1 април) ќе организира роденденски маратон.
По повод Светскиот ден на театарот 27 Март, во Свети Николе ќе почне нов меѓународен театарски фестивал „Билазора“.
Република Македонија има извонреден театар, силен уметнички потенцијал, врвни уметници кои создадоа исклучителни театарски остварувања и освоија многубројни признанија и награди на национално и на меѓународно ниво.
Меѓународниот ден е проект инициран од ИТИ – Интернационалниот театарски институт, меѓународно здружение на УНЕСКО основано со цел да се поврзат театарските работници и полесен проток на информации меѓу нив.
Со премиера на Шекспировата „Сон на летната ноќ“, Театар Комедија в понеделник ќе одбележи пет години постоење.
Сите млади на возраст од 16 до 26 години кои имаат идеја, предлог или решение за предизвиците во заедницата можат да поттикнат општествена промена преку учество на натпреварот „Ослободи ја идејата“.