Претставата „Луди за љубов“ од Сем Шепард, а во режија на Деан Дамјановски вечер премиерно ќе биде изведена во Драмскиот театар - Скопје, со почеток во 20 и во 22 часот.
Македонската опера и балет вечер ќе ја почне новата сезона 2018/2019 година со најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, која утревечер ќе биде и репризно изведена.
Во Музејот на современа уметност денеска беше отворена изложбата насловена „Конекции во колекциите - италијанско-македонски паралели“.
Министерството за економија на Република Македонија додели признание за голем придонес во областа на туризмот на „Авалон продукција“, за фестивалот „OHRID CALLING“.
Шест дена по премиерата на матичната сцена, Босанско народно позориште од Зеница, Босна и Херцеговина, вечер од 20 часот во Макдонскиот народен театар во рамки на фестивалот „Млад отворен театар“ ќе ја изведе претставата „Буре барут“ од Дејан Дуковски во режија на Нина Николиќ.
За отворањето на театарската сезона 2018/2019, Македонскиот народен театар в сабота премиерно ќе ја изведе претставата „Еден месец на село“ според делото на Иван Сергеевич Тургењев, кое досега не е поставено во театар во Македонија. За овој повод текстот првпат доби и превод на македонски јазик од Катерина Коцевска која е дел од актерската екипа.
Во „Буре барут” раскажуваме наша приказна, не бевме оптоварени со тоа дека работиме текст што сите го знаат. Ова е, пред се, актерска претстава во која актерот и неговата креација е во преден план, изјави денеска на прес-конференција македонската режисерка Нина Николиќ која го поставува култниот текст на Дејан Дуковски на сцена, во изведба на Народно позориште од Зеница.
Со концертот „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг, денеска ќе биде отворена новата концертна сезона на Македонската филхармонија.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ продолжува со проекции на филмовите што конкурираат за „Златна камера 300“, а паралелно се реализираат сите фестивалски програми.
Директорот на државната Агенција за филм, Горјан Тозија и Масимилијано Нардули, на прес конференција во Битола ја претставија европската програма ЛИМ ( „Les is more“).