Министерот за култура Асаф Адеми во рамки на работна посета на Република Албанија, во Тирана се сретна со албанската колешка Мирела Кумбаро Фурџи.
Блаже Конески е великан на македонската граматика, на правописот на современата литература и е наддржавен авторитет, а денеска се соочуваме со можност преку членството во НАТО и ЕУ македонскиот јазик светски да биде признат, порачаа учесниците на денешната промоција на четвртата книга за Блаже Конески, насловена „Како го читам Конески“ во неговото родно Небрегово и неговата родна куќа, сега спомен дом.
Со претставата „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски и во изведба на Театарот „Војдан Чернодрински“ вечерва во Струмица почнува 26. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.
Мирот и помирувањето се наша политичка определба. Да продолжиме да живееме во мир со безбедна иднина како полноправна членка на НАТО, во ЕУ, како политичка заедница која настана како резултат на политичкото помирување по Втората светска војна.
Изложбата „Лицата на војната: Македонија и Македонците во Големата војна (1914 - 1918)“ денеска ќе биде отворена во Македонската академија на науките и уметностите. Организатор на изложбата е Државниот архив на Република Македонија, а покровител е премиерот Зоран Заев.
Етно културна манифестација „Ревија на народни носии од Скопскиот регион" се одржа денеска во Музејот на Македонија, како дел од одбележувањето на 8 септември, Денот на независнота на Република Македонија.
Дванаесет ликовни уметници од шест Европски држави во претстојните седум дена ќе творат во амбиенталниот простор на манастирот свети Јоаким Осоговски кај Крива Паланка на 32-та сесија на Меѓународната ликовна колонија која го носи името на светецот.
Изложба насловена „Мотиви од Куманово и Кумановско“ ќе биде отворена вечерва со почеток во 20 часот во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Кумановци ќе имаат можност да разгледаат над триесетина дела работени во техниката масло на платно.
Македонија во светскиот печат е позната само по спорот за името со Грција, посочи неодамна Алекс Севињи од Универзитетот „Мек Мастер“ во Канада, инаку близок соработник на канадскиот премиер Џастин Трудо, во својот реферат со наслов „Македонија на насловните страници: медиумска анализа и анализа на репутацијата“.
Општина Битола го објави конкурсот за доделување на највисоките општински признанија за годишни остварувања на правни и физички лица, како и за престижната награда за животно дело.