Во дворот на ресенскиот Сарај синоќа беше промовирана поетската збирка „Два света” од познатиот поет, филозоф и теолог од Персија, Џелаледин Мевљана Руми.
Со проекцијата на филмот „Над возможното“ (Полска, Германија, Финска) на Марта Прус вечер во Куршумли ан, во рамки на 9. МакеДокс ќе биде отворена програмата на земјата во фокус – Полска.
Писателката и активистка за правата на жените Румена Бужаровска ќе учествува во Есенската резиденција на Меѓународната програма за пишување (МПП) при Универзитетот во Ајова, САД, која почнува на 18 август.
Изложба на фотографии од музички настани, насловена „Ритам во кадар" на фотографот Дражен Брачиќ, вечер од 20 часот ќе биде отворена во Центарот за култура „Кочо Рацин" во Кичево.
Многу публика, забава и ликовни креации донесоа трите Џез-денови што од 14 август до синоќа се одржуваа на ресенскиот плоштад, во организација на Домот на културата „Драги Тозија“.
Изложба на карикатури „Бегалска криза 2018“ од Мирослав Георгијевски-Миро од денеска е поставена во изложбениот салон во Центарот за култура во Крива Паланка.
По повод одбележување на Денот на АРМ, Општинската организација на Сојуз на борците од НОВ и граѓаните поддржувачи од Битола во галеријата „Магаза“ вечер организираат изложба на фотографии.
Музичкиот состав „Балкан Нуево“ од Словенија вечер ќе настапи во црквата „Света Софија“ со проектот „Потполно нешто друго“ во рамките на 58. издание на фестивалот Охридско лето.
Општина Делчево ги избра годинашните добитници на општинската награда „7-ми Септември“ по претходно објавениот јавен конкурс.
Пет поетски книги се избрани во потесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година и од нив ќе биде прогласена победничката стихозбирка. Наградата ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата за најдобра поетска книга на македонски јазик меѓу две фестивалски изданија.