Овогодишната Фолк вечер на музичкиот фестивал „Охридски трубадури“ ќе понуди голем број на новосоздадени песни во духот на македонскиот мелос,песни кои ќе се пејат уште долго време, оценува уметничкиот директор Цане Петров.
Дополнување на досегашните и нови културни содржини во преспанскиот регион нуди програмата за работа на директорот на општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ во Ресен Васко Василевски, кој доби нов, трет мандат.
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди концерт на камерна музика со ансамблот што го носи името на најпознатиот хрватскиот композитор, Игњац Фукс алијас Ватрослав Лисински.
Хуманитарката од Велес Ленче Здравкин и ликовниот уметник со светска каиера и со потекло од Кичевско Омер Калеши се добитници на државната награда „Мајка Тереза” во 2018 година.
Министерот за култура Асаф Адеми по спроведените конкурси именуваше директори на осум национални установи со полн мандат од четири години.
Од утре до 19 август Струмица ќе живее во ритамот на седмото издание на Струмица опен фестивал. На уникатните сцени на отворено ќе гостуваат најдобрите македонски, балкански и светски артисти, соопшти Здружението „Културно-забавен живот“ од Струмица, организатор на фестивалот.
Со изложбата насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“ синоќа во Куќата на Уранија во Охрид почна Научната и уметничка визита што ја организира Македонската академија на науки и уметности.
Во Старата скопска чаршија на шести октомври годинава ќе се одржи првиот фестивал на светлосна уметност. За таа цел Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална сала) Скопје ги повикува сите заинтересирани да аплицираат на отворениот јавен повик кој ќе трае до 20 овој месец.
Еминентната виолинистка Ајман Мусакјајева, заедно со своите колеги, италијанските пијанисти Марко Скиаво и Серџо Маркеџани, во придружба на Камерниот оркестар „Академија на солисти“ од Казахстан, синоќа на „Охридско лето“ донесоа фантастична проекција и маестрално музицирање кое допре до сетилата на фестивалската публика.
Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ почна со реализација на проектот дигитализација на „Наш Весник“. Досега, соопштија надлежните од јавната општинска установа, објавени се девет броја од локалниот весник во електронска форма.