Популарни кубански танци од најразлични жанрови ќе понуди „Екос Фламенго“ групата во рамки на „Кубанската вечер“ предвидена за 26-тиот ден од годинешното фестивалско издание на „Охридско лето“.
На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица синоќа се одржаа 24. Музички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија.
На градскиот плоштад во Гостивар синоќа беше отворен 4. Меѓународен фестивал „Заборавени вредности“, На триесетина штандови поставени на плоштадот гостиварци два дена ќе можат да видат како се изработуваат предмети од дувано стакло, калиграфија, сликање на порцелан, правење кондиторски производи и многу други стари занаети.
По синоќешниот концерт на групата „Синтезис“ за 58-от роденден на „Охридско лето“, фестивалот вечер продолжува со уште една исклучителна содржина од музичката програма - настапот на дуото „Сора“ и уметниците Учида Шиори на саксофон и Фати Фехмију на хармоника.
Програмата за вечерашниот концерт е внимателно избрана за да соодветстува на еден толку важен датум и на уште поважна институција каква што е „Охридско лето“, истакнаа на прес-конференција членовите на етногрупата „Синтезис“, која вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе одржи концерт за 58-от роденден на нашата најголема музичко-сценска манифестација.
Словенечката писателка Габриела Бабник, која во 2013 година ја доби Наградата на Европската Унија за литература, овој месец ќе престојува во Скопје како гостин на резиденцијалната програма за писатели во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“.
Љупка Стефановска, дипломиран етнокореолог од Битола е еден од ретките истражувачи во Република Македонија која истовремено истражувала и изработила антрополошка анализа на жената во орото кај Мијаците, Брсјаците и Шопите, територија на која се распространети и различните ора карактеристични за соодветните подрачја.
Етногрупата „Синтезис“ вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе одржи голем концерт со што ќе биде одбележан роденденот на фестивалот „Охридско лето“ - нашата најголема и најреномирана музичко-сценска манифестација.
Научната и уметничка визита која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид ќе почне во вторник, 7 август, со изложба на ракописи и епиграфски споменици. До крајот на манифестацијата на 27 август ќе има уште шест настани.
Со концерт на маестро Јуриј Шишков од Русја вечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе почне вториот културен форум „Предание и континуитет“.