Друштвото на писатели на Македонија денеска од 11 часот ќе одржи комеморација за книжевниот научник, критичар и есеист, академик Милан Ѓурчинов, кој почина на 24 јуни. Милан Ѓурчинов (1928-2018) беше член на писателската асоцијација од 1956 година, а во еден период и нејзин претседател.
Актери од Драмскиот театар од Скопје синоќа пред преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид , во рамки на фестивалот „Охридско лето“, ја изведоа театарската претстава „Странци“ од Филипо Болоња, режирана преку современиот пристап на режисерката Нела Витошевиќ.
Според градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, оваа значајна манифестација и годинава ќе ги понуди традиционалните содржини, но и бројни културно-едукативни и забавни настани.
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, утревечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Но(е)ва Македонија“ за чија режија беше ангажиран гостинот од Србија, режисерот Кокан Младеновиќ.
Уметниците на Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија се редовни учесници на Фестивалот „Охридско лето“. За нив вечер е резервирана сцената на катедралната црква „Света Софија“, каде овојпат ќе се претстават со избрани дела на Вивалди, Аренски, Барток, Пјацола, Блази, Григ.
Низа културни активности за промоција на турската традиционална уметност во балканските земји ќе се одржат денеска во Охрид во рамки на Балканскиот караван, проект на Институтот Јунус Емре во соработка со општина Кучукчекмеџе.
На сцената на амфитеатарот во древниот антички град Стоби вечерва свечено ќе биде затворен годинашниот 17-ти Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, во организација на општина Велес и под покровителство на Министерството за култура.
Осумнаесеттиот ден на годинешното „Охридско лето“ на програмата нуди два настани – концерт на германското дуо Рубенс Турку на виолина и пијанистката Милана Чернјавска во „Света Софија“ и театарската претстава „Странци“ на Драмскиот театар од Скопје за која е резервирана сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“.
На 17. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ вечер во 21 часот ќе биде прикажана претставата „Нерон и јас“ според делото на Едвард Радзински. Претставата, во режија на Куандик Касимов, по сценографија и костими на Ракхат Сапаралиева, ќе ја изведат актери од Жамбилскиот Регионален Руски Драмски театар од Казахстан.
Со фолклорно дефиле по Широк Сокак и со традиционалното оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола, вечер почнува 48. издание на Републичкот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.