Почна првата фаза од санацијата на објектот Чифте амам, еден од четирите објекти на НУ Националната галерија на Македонија, заедно со Даут-пашиниот амам, Мала станица и Спомен куќата на Лазар Личеноски. За време на санацијата, која ќе трае два месеца, објектот ќе биде затворен за посета.
Драмскиот дел од програмата на годинашното „Охридско лето“ почнува вечер со претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристеска-Петрушева и во изведба на актерска екипа на НУЦК „Народен театар“ од Охрид.
Во пресрет на 45. Галичка свадба која ќе се одржи викендов, на платото пред чешмата Упија во Галичник вечер од 22 часот ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски, оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова и групите „Тоа е тоа“ и „Бенд офф“, со што ќе почне и Галичкото културно лето.
Кафе-киното на „Скопско лето“, кое вчеравечер почна со филмот „Смртта на Сталин“, ќе продолжи до 21 јули со проекции од 21 часот во Сули ан - Факултет за ликовни уметности.
Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој ја искорсти можноста на уметниците што ќе бидат дел од фестивалската магија да им посака кога ќе заминат со себе да ги понесат сеќавањата на Охрид како македонско огледало на европската култура.
Со проекција на документарни филмови во близина на манастирскиот комплекс „Мала Богородица“ во Калишта денеска почнува деветтото Патувачко кино на „МакеДокс“, кое годинава ќе се одржува до 25 јули во струшкиот регион.
Со проекцијата на филмот „Смртта на Сталин“ вечер во 21 часот, на Факултетот за ликовни уметности - „Сули ан“ ќе биде отворено овогодинашното Кафе - кино во рамки на „Скопско лето 2018“.
Охрид од вечерва се до 20 август ќе ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи Фестивалот „Охридско лето“. Повеќе од 800 уметници од 27 земји од целиот свет по 58-ми пат наредните месец и половина ќе музицираат, глумат, творат на неколкуте фестивалски сцени во Охрид...
Голема чест за нас претставува укажаната доверба ние да го отвориме фестивалот „Охридско лето“. Максимално ќе се вложиме, ќе дадеме се од себе на публиката да и донесеме незаборавно искуство и концерт за паметење.
Дека културата не познава граници уште еднаш покажаа и докажаа шестмината грчки и петте македонски уметници што минатата недела твореа во Струга во рамките на првата македонско-грчка ликовна колонија „Културен мост“ што се одржа во организација на здружението на граѓани „Концепт“.