Под слоганот „Симнуваме капа“ (Hats off), од 22-ри до 29 септември во Битола ќе се одржува 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, за кое интензивно се прават подготовките, соопшти денеска на прес-конференција во Скопје раководството на фестивалот.
Режисерот Александар Поповски денеска на прес-конференција соопшти дека поднесува оставка од местото претседател на Управниот одбор (УО) на Македонскиот народен театар (МНТ).
Аудио-водич низ музејските поставки, тактилни предмети-експонати и пристапни рампи за лицата со попреченост на сите влезови на Кривопаланечкиот музеј се она што оваа локалана установа ја прави единствена од ваков вид во Македонија со толкав опфат на инклузивни содржини во превентирањето на поставките и културното наследство.
Во Босанско народно позориште Зеница, БиХ е завршена првата фаза од големиот копродукциски проект „Буре барут“ на Дејан Дуковски помеѓу продуценската куќа Скопје Филм Студио, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница.
Најновиот роман на поѕнатиот српски романсиер Владимир Пиштало „Сонцето на овој ден - писмо до Андриќ”, кој годинава беше во најтесниот избор за роман на годината на белградски НИН, е објавен на македонски јазик во издание на „Везилка 2011“ и превод на Ристо Лазаров.
Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа според блогот Spotted by locals.
Вечерашниот концерт на Сара Симоновска, кој треба да се реализира во рамките на Скопско лето, поради најава на невреме и дожд, наместо во Сули ан, ќе се одржи во Фоајето на Македонската Опера и Балет, со почеток во 21 часот, информираат од Дирекција за култура и уметност на Скопје.
Триесетина универзитетски професори, научни работници, театролози и театарски критичари од земјава и од странство денеска и утре ќе учествуваат на симпозиумот на тема: „Српската драма и театар во Република Македонија од 1945 до денес“.
Заедничките вредности помеѓу народите на Балканот како мост за развој на меѓусебното пријателство, почитта и разбирањето, е тема на годинашната ликовна колонија Вевчански видувања што во наредните три недели ќе се одржува во Вевчани во организација на компанијата ВИА.
На програмата на „Скопско лето“ вечер е претставата „Партија реми“ на Драмски театар-Скопје која премиерно беше изведена пред два месеца. Режисер е Виолета Џолева, а улогите ги играат Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ-Пановска.