Академската сликарка Тања Таневска од денеска ќе има изложба во „Gallery MC“ во Њујорк. Таа се претставува со 61 дело акрил на картон асоцијативни жичани инструменти изработени во последните четири години.
Изложбата „Ликовен круг Похижек“ од 23 современи ликовни уметници на исто толку дела од Хрватска синоќа беше отворена во Ликовниот салон во Велес.
„Звукот на идната генерација“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, на кој солисти ќе бидат талентирани студенти од државните факултети за музика во Македонија, кои по пат на аудиција се избрани да настапат со оркестарот на Филхармонијата.
Во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер свечено ќе бидат отворени 55. Рацинови средби.
Министерството за култура го објави Конкурсот за доставување нацрт-годишна програма за 2019 година за националните установи од областа на културата
Во рамки на 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, денеска беше промовирана книгата „Во четири очи“ од новинарот и театарски критичар Борче Грозданов, која содржи интервјуа со истакнати театарски дејци.
На меѓународниот натпревар за млади пијанисти од регионот, кој годинава осми пат се одржува во Гевгелија, учествуваат 120 потенцијални пијано мајстори од Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија.
Кумановскиот театар вчера по полноќ пред публиката во Прилеп ја изведе претставата „Жена од минатото“, по текст на Роланд Шимелфениг, а во режија на Нела Витошевиќ. Оваа година Кумановскиот тетар учествува со оваа претстава на Македонскиот тетарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Игор Станојоски за романот „Диссомнии“ во издание на „Антолог“ е добитник на наградата „Рациново признание“ за 2018 година. Одлуката била донесена едногласно од жирито - Луан Старова (претседател) и Венко Андоновски и Христо Петревски (членови).
„Кој е авторот?‘ - Актуелни трендови во современиот германски театар“ е насловено предавањето кое денеска во „Кино Култура“ ќе го одржи Улрике Зиха - драмска авторка и драматург од Хамбург, Германија.