Во копродукција на Македонската филхармонија и 3Д Проект Студио денеска за првпат во Македонија, ќе биде изведено спектакуларно 3Д Мапинг шоу, односно мултимедијален перформанс под наслов „И коњите ги убиваат зарем не?“.
На претпоследниот фестивалски ден на 17. ОФФест, вечер од 20 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар ќе настапат триото „Бармер бојс“ од Индија и француско-италијанското дуо „Транс-Аеолиан трансмисион“.
Првиот том од „Македонска рок енциклопедија“ на Тошо Филиповски беше промовиран синоќа во Кочани, како една од придружните содржини на 55. Драмски аматерски фестивал.
Белом Жан-Лоик од Франција ја доби првата награда за карикатура на 50. Светска галерија на карикатури Скопје 2018 на галеријата „Остен“.
Промоција на книгата „Панкот е мртов“ од словенечкиот автор Томаж Космач се одржа синоќа во Кочани, како дел од придружните програмски содржини на Драмскиот аматерски фестивал.
Во најновиот, мајски број на книжевниот весник „Литературнаја газета“, орган на Сојузот на руските писатели, објавен е избор од македонската поезија во препев на Олга Панкина, поетеса и раководител на Македонскиот културен центар во Москва.
Млади уметници на возраст од 16 до 30 години можат да аплицираат на вториот јавен повик на „Инкубатор“ програмата на Интерарт културен центар.
Формирана е работа група и се обезбедени финансиски средства за изградба на споменик на гробот на Есма Реџепова, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Традиционалната манифестација „Мариовско-Мегленска културна средба“ ќе се одржи в недела на 3 јуни во манастирот „Свети Илија“ кај селото Витолиште во Мариово.
„Остен“ вечер во Музеј на Град Скопје ќе ги соопшти наградените автори на 50. Светска галерија на карикатури Скопје 2018 и ќе информира и за плановите за одбележување на полувековниот јубилеј.