Вчера во Палата Брачи на Музејот во Рим, во рамки на програмата на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, се одржа заедничка културно - уметничка програма од страна на Министерствата за култура на Република Македонија и Република Бугарија, на која настапија музичките уметници со светско реноме, Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов...
Театарот „Јордан Хаџи Контантинов-Џинот“ од Велес со комедијата „Вдовицата се мажи“ во режија и адаптација на Младен Крстевски, од денеска до 31 мај ќе настапува на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва.
На 29 и 30 јуни во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе се одржи 44 издание на Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, реши Управниот одбор на Фестивалот на денешната седница што се одржа во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.
Македонската опера и балет вечер од 20 часот во рамки на Мајските оперски вечери организира гала-оперски концерт посветен на композиторите Џакомо Пучини, по повод 160 години од неговото раѓање, и Џоакино Росини, за 150 години од неговата смрт.
Музејот на македонската борба ја организира изложбата со Здружението за македонско-чешко друштво Карел IV, а содржи филателистички материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ.
Македонската опера и балет и Националната опера и балет од Тирана денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој е договорена меѓусебна поддршка, заедничка продукција и размена на искуства.
Македонската филхармонија, во соработка со кино „Милениум“ и Град Скопје на 6-ти и 7 јуни под отворено небо во Градскиот парк ќе организира настани по повод завршувањето на официјалната концертна сезона.
Промоција на новото пијано со концерт „Вечер со пијано“ од страна на пиајанистите Дино Имери, Шкелзен Бафтиари, Арда Мустафаоглу и Нита Груби ќе се одржи вечерва во Салот 19:19.
Хорот на Операта на Народниот театар Сараево и оркестарот на Сараевската филхармонија вечер ќе гостуваат на Мајските оперски вечери со нивната најнова оперска претстава „Змејот од Босна“ на босанскиот композитор Азим Хорозиќ.
Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер од 18 часот во објектот Чифте амам организира трибина „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби во Република Македонија“, откако во петокот во тој галериски простор ја отвори изложбата „Од мој агол“.