Со современ танцов перформанс, кореографите Искра Шукарова од Македонија и Урсула Еагли од САД заедно со студентите од катедрата за современ танц при Факултетот за музичка уметност вечер ќе го одбележат Меѓународниот ден на танцот-29 Април.
Таа денеска на Собрание на оваа асоцијација доби поддршка од 74 членови на ДПМ. Против кандидат и беше Оливера Доцевска, која доби поддршка од 13 членови.
Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби 2018, годинава по пауза од три години повторно се враќа на древната сцена воистоимениот антички амфитеатар.
Владата на Република Македонија на 65-та седница на предлог на Министерството за култура ја усвои предлог програмата за користење на средства за изградба на спомен обележје на Тодор Проески во Крушево со која средствата обезбедени во буџетот се префрлуваат на општина Крушево.
Глумецот Гоце Тодоровски се пензионираше. Во вторникот на 24 април тој ја одигра претставата „Како да се ограби банка“ и беше испратен со громогласен аплауз од публиката и колегите од Драмски театар.
Мариана Филова и Горан Ивановски, овластени конзерватори за камен од Националната установа Стоби, денеска во Музејот на Неготино ги започнаа конзерваторските или заштитни работи на археолошкиот предмет „Торзо од мермер".
На матичната сцена на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ утре премиерно ќе биде изведена претставата „Пиреј“ според романот на Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Градоначаникот на општина Штип, Благој Бочварски денеска потпиша договор со кој Владимир Дојчиновски го именуваше за нов уметнички директор на фестивалот на музика „Макфест 2018“ во Штип.
Втора јавна расправа за рестартирање и ревитализација на Музичката продукција на Македонската радио-телевизија ќе се одржи денеска во Домот на младите во Штип.
Претставата „Дух“ од Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ вечер премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар.