Собраниската комисија за култура денеска едногласно усвои девет амнадмани на текстот на предложената Национална стратегија за развој на на културата 2018-2022 година и Акцискиот план за нејзина имплементација.
Македонскиот народен театар во текот на месецов со повеќе настани под заедничко мото „Моќта на театарот“ го прославува 73-тиот роденден.
Советот на министри за култура на Југоисточна Европа на четвртата конференција во Сараево, на која учествува и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, усвои Декларација за зајакнување на регионалната соработка.
Министерството за култура информира дека нацрт колективниот договор за вработените во културата е подготвен, во консултации со претставници на синдикатите и на установите во културата, и целиот процес се очекува да се финализира до крајот на годината.
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 8 април (недела), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија.
На денешното изборно собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) со акламација за претседател е избран Игор Иванов-Изи, сценарист и режисер и долгогодишен член на ДФРМ.
Уметникот Синиша Кашавелски освои Гран-при на изложбата Art Expo во Венеција која се одржа пред десетина дена. Таа е уште една во низата награди што во изминатите неколку години тој ги добива на престижни изложби
Ново концертно пијано од престижната марка „Стенвеј“ ќе добие Македонската филхармонија како донација од една од водечките европски компании во областа на градежништвото „Штрабак“.
Министерството за култура соопшти дека Конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 година, што лани во април беше објавен во дневниот печат, се поништува поради административни пропусти во неговото спроведување и дека ќе биде повторен, а право на учество ќе имаат и апликантите од поништениот конкурс.
Во Македонскиот народен театар задутре од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Без галама“ по текст на Мајкл Фрејн, колективно адаптирана и во режија на Тони Михајловски.