Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ на 7 јануари ќе го одржи традиционалниот концерт „Божик – Слава“ по повод празникот Христово раѓање – Божик.
Гијом Мисо е повторно најпродаваниот автор во 2017 година, според топ 20 листата на најпродавани книги што ја објави онлајн-книжарницата КупиКнига.мк.
Според него, покренувањето на сценариото за отстранување на спомениците ги доведува во прашање и безбедносните аспекти и можноста на таква интервенција.
Манифестацијата „Најчитан македонски автор за 2017 година“ ќе се одржи утре во Градската библиотека „Брака Миладиновци“.
Македонската филхармонија на 28 декември ќе одржи Новогодишен гала-концерт насловен „Полноќни огномети“, под диригентство на славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел.
Министерството за култура очекува во најскоро време Собранието на РМ да го спроведе изборот на членови на Одборот за доделување на оваа државна награда, со што нејзиното доделување за наредната година нема да биде доведено во прашање.
Кандидатот за директор на национална установа од областа на културата ќе може покрај другите пропишани сертификати да го поседува и уверението АПТИС како доказ за активно познавање на англискиот јазик.
Светски познатиот мјузикл „Мама Миа!“ во Скопје. Копродукција помеѓу МНТ и словенечката компанија „Проспот“, која ги има екслузивните права за мјузиклот во земјите од регионот.
По денешниот протест на филмските работници, Министерството за култура соопшти дека има целосно разбирање за нивните барања и оцени дека протестот е резултат на повеќегодишното отсуство на слух за нив.
Независни филмски автори и продуценти, слободни филмски работници денеска напладне протестираа пред Министерството за култура незадоволни од тоа што во предлог-буџетот за култура за следната година се кратат средствата наменети за филм.