Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола, специјалната награда златна „Камера 300“, за особен придонес во светската филмска уметност за 2017 година, ќе ја додели на македонскиот и светски режисер и сценарист Милчо Манчевски.
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерот за култура на Народна Република Кина, Луо Шуганг вчера во Кина потпишале Извршна програма за културна соработка меѓу Република Македонија и НР Кина за 2018-2023 година.
Драмски театар-Скопје в сабота (23 септември) премиерно ќе ја изведе претставата „Папагалот Историко“ во режија на Љубиша Георгиевски според неговиот роман „Монументи на глупоста“. Автор на драматизацијата е Сашко Насев.
Филмот „Насоки“, македонско-бугарската копродукција на авторот Стефан Командарев и неговиот соработник, кинематограферот Веселин Христов, ќе го отвори 38. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Како што информираат, цената на билетот за претставите што се на редовниот репертоар отсега ќе изнесува 200 денари за сите љубители на театарот, освен за учениците и студентите за кои цената на билетот ќе изнесува 150 денари.
Актерката Тања Бошковиќ ја доби единствената награда за врвни актерски достигнувања на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“ за улогата на Марија Клаиќ во претставата „Солзите се ОК“ од Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ во продукција на Театарот „Ѕвездара“ од Белград.
Членовите на Комисијата за култура на Собранието на денешната седница ја почнаа расправата за Предлог-законот за престанување на Законот за националниот уметник, но расправата беше прекината поради почетокот на пленарната собраниска седница.
Денот на независноста на Република Македонија денеска беше одбележан и со чествување пред Спомен - куќата на Блаже Конески во Небрегово, прилепско.
Московскиот театар „Мастерскаја П. Фоменко” со фестивалот „Иван се враќа дома“ првпат во Македонија ќе се претстави со три спектакли од режисерот Иван Поповски на сцената на Македонскиот народен театар.
Фестивалот утре ќе се пресели во Скопје каде, традиционално, ќе се одржи Поетско матине на Матка, а вечерта ќе има и Меѓународен поетски митинг на плоштадот „Македонија“.