Заврши конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“ во скопското село Побожје а интензивно се одвива реставрацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во скопското село Љуботен, кои се очекува да завршат идната година.
Археолози од Народниот музеј во Велес, повторно истражуваат на локалитетот велешко Кале. Тие продолжуваат со работа на просторот на кој постоел средновековен град и имаат цел да доистражат како се развивал.
Македонската опера и балет во среда и четврток овој месец предвидува Гранд гала отварање на новата сала на МОБ која е целосно рекунстриирана по цели 33 години.
Возбуда пред почетокот, долготраен аплауз и пофалби за филмот “Златна петорка“ од струмичани.
Драмски театар со претставата „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски во режија на Дејан Пројковски во текот на октомври месец ќе гостува во Народно позориште во Сараево, во театарот „Гавела“ во Загреб и во Београдско драмско позориште во Белград .