Поезијата, додаде, како највисок облик на користење на јазикот, како начин за негово претворање во уметничка вредност, извонредно многу придонесе за усовршување на македонскиот книжевен јазик и за неговото искачување кон високите области на современиот сензибилитет.
Општина Охрид со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации на крајот на август ќе го организира првиот Охридски џез-фестивал.
Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“ во рамки на фестивалот „Concerti del Tempietto“.
На платото пред Офицерски дом во Битола вечер ќе се одржи првото издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“.
Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред платото на Домот на поезијата.
Македонското радио - Радио Скопје, денеска на своите бранови, го емитуваше јубилејното 5.000-то издание на дневната емисија „Културна клучалка“ од областа на културата.
Слушателите на Летната школа од напреднатите рамништа имаа можност да го следат разговорот што со авторот го водеше новинарката Катерина Богоева, членка на Фондацијата.
На отворањето ќе биде отворена изложбата од пристигнатите стрипови од меѓународниот стрип конкурс,а ќе бидат врачени и наградите на најуспешните.
Националната установа Центар за култура-Битола ја утврди есенската програма за културни настани во која се содржани концерти, фестивали, изложби и други манифестации.
Скулптурите кои ги изработува Ајваз се од рециклирано железо во апстрактна и геометриска форма. Неговиот уметнички израз е под влијание на Пабло Пикасо, Александар Архипенко, Марсел Дишан и Џулио Гонзалес.