Музичката група „Ефтеркланг“ од данскиот главен град Копенхаген денеска на зајдисонце пред споменикот „Македониум“ во Крушево ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела изработени во соработка со „Македониум Бенд“.
По одлуката на Владата за основање нова национална установа Оркестар за џез музика и планот за нејзино времено сместување во зградата на Македонската филхармонија, свој став изнесе и маестро Емил Табаков од Бугарија
Во уметничката галерија „А - Gallery" во Талин, е поставена изложбата MULTIVERSE на македонската уметница Мима Пејоска.
На Педагошкиот факултет, при Универзитетот „Фан С. Ноли“ во албанскиот град Корча, одржана е промоција на делото „Буре барут”, на познатиот македонски автор Дејан Дуковски во превoд на албански јазик.
Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.
Петнаесетина млади поети, поетеси и сликари од основните и средното општинско училиште во Крива Паланка учествуваа на тричасовниот настан насловен „Уметност инспирирана од природата ", поддржан од Министерството за култура на Северна Македонија.
Со изведба на претставата „Одења и слични кореографски решенија“ во режија и кореографија на Филип Петковски, вечер во 20 часот на малата сцена во Националната опера и балет завршува 19-тото издание на фестивалот „Танц фест“.
Министерството за образование и наука информира за можноста младите од Северна Македонија да учествуваат на меѓународен натпревар за есеи.
-Ова не се обични напади на безумно насилство. Ова се таргетирани, оркестрирани чинови на расна омраза со јасна агенда, изјави Гордан Јорданов, директор на ОМД за Европа.
Од Министерството посочија оти веруваат дека филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на нивната НУ, никој немал никаква заднинска намера.